• Зоран Мишевски

Вечерва во Бјелина, домашната екипа Радник беше поуспешна од штипски Пинк Пантер со високи 12-4 во рамките на второто коло на регионалната лига во бокс. Штипјани добро го почнаа мечот, откако Александар Ристевски во најлесната категорија го победи својот противник.
Но, потоа домаќините добија неколку борби во серија до финален триумф. Гоце Јаневски ја извојува втората победа за Пинк Пантер во ова коло и втора за него во регионалната лига.
Хрватскиот претставник Сесвете е следниот ривал и екипата која во во третото коло ќе гостува во Штип.