• Симеончо Стоиков

Екипата на Пинк Пантер овој викенд ја очекува дуел од второто коло од Регионалната балканска лига за бокс, а на програмата е првото гостување кај Радник Бјелина во Босна и Херцеговина.
За клубот од Штип во БиХ за првпат сезонава ќе настапат и Димитар Ташков, Дејан Ристевски и Никола Арсов. Според инфромациите од нашиот клуб, задачата за победа ќе биде мошне тешка ако се земе предвид дека Радник во своите редови ги има најдобрите боксери од БиХ, од кои четири се и репрезентативци.
Како што е познато, Пинк Пантер во првото коло на домашен терен во Штип загуби од српскиот претставник Војводина Спартак со резултат од 6-10, додека Радник Бјелина на гостински терен славеше со 4-12 над Лазаревац Металец.