• Редакција Gol.mk
Боксерите на Пинк Пантер од Штип заминаа за Зрењанин, каде со десет натпреварувачи ќе учествуваат на митингот од петтото коло на „Опен Балкан Олимписки надежи“.
Во Зрењанин боите на штипскиот клуб ќе ги бранат Иса Мемедов, Али Расимов, Езел Шабан, Мухамед Мемедов, Марко Чурлиновски, Ненад Наков, Иса Бајрам, Зулфикра Бајрам, Лазар Димитров и Александар Панов.
„Пантерите“ очекуваат одлични натпревари и со добри резултати да се вратат во Штип, а притоа да ја остварат зацртаната цел со нивниот тренер Чурлиновски, откако претходно завршија на второто место во младинската лига во Македонија.