ВИДЕО: Пијаниот Фјури еднај стоеше на нозе, таксист се заклучи и побегна

Британскиот боксер, Тајсон Фјури, минатиот месец ја одбрани титулата на ВБЦ во тешка категорија со победата над Дилијан Вајт. По таа борба објави дека ја завршува кариерата и може да се каже дека „ужива“ во пензионерските денови.

„Џипси Кинг“ со пријателите и семејството е на одмор во Франција, а таму малку фалеше да биде учесник во голем скандал. На социјалните мрежи се појави видео на кое Фјури пијан се обидува да влезе во такси. Меѓутоа, возачот одбил да го прими поради алкохол и ја заклучи вратата.

Неговата придружба молеше да биде примен, но таксистот си замина, а тоа го изнервира шампионот, кој потоа се обиде со нога да го удри автомобилот.