Пелистерски јунак не го дава првото место во боксерскиот шампионат

И по пет одиграни кола во домашниот шампионат боксерскиот клуб Пелистерски јунак останува лидер на табелата со 34 бода. 

Петтото коло од сезоната се одржа во Куманово, а кај сениорите најмногу бодови собраа битолскиот клуб и Универзалци, по 12,7 бода, Шкендија но лимит освои пет, а Штип, Аперкат, Фајтер илери и АС по 4 и Нокаут 1 бод.

На табелата Пелистерски јунак сè уште е на првата позиција со два бода повеќе од Универзалци и најверојатно помеѓу овие две екипи ќе се води битката за шампионската титула. На третото место е Шкендија со 12 бода заостанување зад лидерот.