• Горан Упале
Најавите од пред стартот на сезоната почнаа да се остваруваат. По две одиграни кола во македонскиот боксерски шампионат, битолскиот клуб Пелистерски јунак го запоседна врвот. Битолчани собраа 16 бода, потоа следат Алексо Огненовски и Универзалци со по девет бода.
Во второто коло, кое што се одржа во Штип, кај сениорите најмногу бодови освои Шкупи 8, Универзлаци и Пелистерски јунак по 6, Алексо Огненовски и Шкендија но лимит по 5, Штип и Ас по 4, Куманово 84 и Јордан Мијалков по 2.
- Прва боксерска лига, второ коло:
1. Пелистерски јунак 13
2. Алексо Огненовски 9
3. Универзалци 9
4. Ас 8
5. Шкупи 8
6. Синди 7
7. Аперкат 6
8. Јордан Мијалков 6
9. Илинден 5
10. Штип штип 5
Кај младинците Фамилија Демирови собра 15 бодови, пред Ас со 11, Пелистерски јунак 10, Пинк пантер и Шкендија со по 8 бода.