Пелистерски јунак на врвот на боксерската лига и по третото коло

Пелистерски јунак води во Првата македонска боксерска лига по три кола, но сериозно му се доближуваат минатогодишните шампиони, боксерите на Универзалци. Битолчани имаат 16 бодови, Универзалци 14, а ги следат Ас, Шкупи и Шкендија но лимит со по 12 бодови.

Фамилија Демирови со големи чекори граба кон втората титула во Младинската лига. По три кола Фамилија Демирови имаат 49 бодови, пред Пелистерски јунак со 33, а Пинк пантер се искачи на третото место со 23.

Во третото коло, што се одржа во Тетово, кај сениорите најмногу бодови освои Шкендија но лимит по 7, Универзалци 5, Штип, Ас, Фамилија Демирови и Шкупи по 4, Пелистерски јунак и 10/60 по 2, Алексо Огненовски и Нокаут по 1..

Кај младинците Фамилија Демирови е лидер со 15 бода, Пелистерски јунак 12, Пинк пантер 10, Шкендија но лимит 7, Алексо Огненовски 6, Штип 4, Шкупи 2 и Ас 1 бод.

Според пропозициите за одржување на Првата и Младинска бокс лига, член 6 предвидува за боксери кои се мереле и имале лекарски преглед а не се појавиле на ринг, се одземат два бода од вкупниот број на освоени бодови на екипата.