Париз ќе биде домаќин на олимписките квалификации во бокс

Европските квалификации во бокс за место на Олимписките игри во Токио ќе се одржат во Париз. Борбите за место во Токио ќе се одржат од четврти до осми јуни, а главниот град на Франција ќе го заземе местото на Лондон како домаќин на турнирот.

Заради продолжување на заемната корист од работата со локалниот Олимписки комитет на кој му е доверено организирање на веќе откажаните светски квалификации, Париз ја доби организацијата, се вели во официјалното соопштение.

Пред неполни две недели, генералниот секретар на Руската федерација Кирил Шчекутиев објави дека се очекува многу брзо да биде откриен домаќинот.