• Зоран Мишевски

Филипинскиот боксер Мани Пакјао ќе се појави повторно во рингот на 9. април и ќе ја прекине пензијата, која ја најави минатата година. Пакјао по поразот на поени од Флојд Мејведер обелодени дека нема повеќе да се појави меѓу четирите јажиња, но синоќа неговиот промотер Боб Арум откри дека негов противник ќе биде Тимоти Бредли во Лас Вегас на 9. април и не потврди дали тоа ќе биде последна негова борба во кариерата.
Пакјао сонува реванш со Флојд Мејведер, но со оглед на тоа што Мејведер се повлече и не сака повеќе да боксува, тешко дека до таа борба ќе дојде.
Оваа борба ќе биде трета меѓу Пакјао и Бредли, а во досегашните две, двајцата боксери имаат по една побеа. Пакјао најавува дека ќе се кандидира за Сенатот во Филипини ова лето.