ВИДЕО: Пакјао ја одбрани ВБА титулата и го предизвика Флојд Мејведер

Славниот филипински боксер, Мани Пакјао го одбрани шампионскиот појас на ВБА конфедерацијата во велтер категорија, откако синоќа славеше победа против Американецот Едријен Бронер.

40-годишниот Пакјао до победата во својата прва борба во петтата деценија стигна со едногласна одлука на судиите во негова корист. Филипенeцот доминираше во текот на целата борба, а во седмата и деветтата рунда Американецот беше пред нокаут, но ги издржа налетите на Пакјао.

За ветеранот Пакјао победата против Бронер беше негова 61-ва борба во кариерата во 70-та. По триумфот Ману веднаш го предизвика и Флојд Мејведер, кој го совлада пред четири години, а доколку дојде до таа борба, тоа ќе биде нов спектакл за боксерскиот свет.