ВИДЕО: Пакјао го порази Турман и освои шампионски појас на 40 години

Филипинскиот боксер Мани Пакјао на 40-годишна возраст стигна до нов шампионски појас во супер-велтер категорија.

Во спектакуларна борба во Лас Вегас, Филипинецот го победи непоразениот Кеит Турман со едногласна одлука на судиите по 12 рунди. Популарниот „Пакмен“ во еден момент го нокаутира својот противник и се чини тоа беше пресудно да ја однесе победата.

Пакјао рутински го приведе мечот кон крај и очекувано ја заврши борбата со кренати раце. 

Еден судија пресуди 114-113 во корист на победникот, а останатите двајца имаа резултат 115-112.