Пакјао: Ги пробав сите дроги во младоста и жалам за тоа, дрогата е ужасна работа

Некогашниот боксерски шампион, Мани Пакјао се вклучи во големата државна борба на Филипини против дрогата и производителите на наркотични средства. Тој дури и откри моменти од неговото детство кога користел недозволни средства. 

„Дрогата е ужасна работа. Ги пробав сите видови дрога во младоста и затоа ова го тврдам. Бевме сиромашни, а дрогата беше лесно достапна. Во нашата земја луѓето мора да научат да ги почитуваат законите. Јас давам поддршка до претседателот и до нашата земја да истраат во борбата протв дилерите и производителите на наркотици“, рече Пакјао.

Пакјао најави дека нема повеќе да боксува, а минатата година имаше неуспешен обид за влез во политиката, па по една хомофобична изјава, се повлече.