Пакјао: Боксот е мојата страст, не се чувствувам како да имам 40 години

Легендата во боксот, Мани Пакјао, одби да коментира до кога има намера да боксува и потенцира дека иако има речиси 40 години, се чувствува младо и ужива во спортот кој најмногу од се го сака.

„Боксот е мојата страст. Израснав со него. Не се чувствувам како да имам 40 години. Но, е факт дека многу повеќе тренирам. Кога си помлад, работите се многу полесни. Сега морам да се одморам по еден ден. Ќе останам во овој спорт се додека чувствувам дека може да се натпреварувам на високо ниво“, изјави Пакјао.

Филипинецот веќе го има договорено наредниот меч, на 19 јануари во Лас Вегас против Брунер.