Пакијао повторно во ринг: Американецот Бредли негов нов противник

Бившиот боксерски шампион во осум категории Мани Пакијао повторно се враќа во рингот. Овој пат негов противник ќе биде светскиот шампион во полусредна категорија на ВБО верзијата, Американецот Тимоти Бредли.

Борбата меѓу одличните боксери е закажана за на 9 април оваа година во Лас Вегас. Покрај договорените 20 милиони за Пакијао и шесте милиони долари за неговиот противник, и двата боксери ќе добијат одреден процент од телевизиските права.

Оваа борба на Пакијао се претпоставува дека ќе биде последна во неговата богата кариера, а потоа се шпекулира дека Филипинецот ќе започне политичка кариера во својата држава.