• Иван Димовски
Оспоруваната алжирска боксерка Иман Келиф е во полуфиналето на бокс турнирот на Олимписките игри. Околу неа се крена цела фама поради информациите дека има машки хромозоми и минатата година беше суспендирана од Светско првенство. И покрај тоа, утврдено е дека Келиф е биолошка жена и целиот скандал беше бадијала. Алжирката проживеа тешки моменти во Париз, па реши да зборува на таа тема.
„Праќам порака до сите луѓе на светот, да се придржуваат до олимписките принципи, да се воздржат од малтретирање на спортистите. Тоа уништува луѓе, го убива нивниот дух. Ако даде Бог, оваа криза ќе кулминира со златен медал, тоа ќе биде мој најдобар одговор.
Не ме интересираат туѓите мислења. Дојдов тука по медал. Сигурно дека ќе се натпреварувам и трудам да бидам подобра. Не можев да ги контролирам своите нерви, по сè што се случи поинаку ги гледав победите. Не беше лесно да се мине низ тоа“, изјави Келиф.
Имане Келиф во полуфиналето на бокс турнирот за дами до 66 килограми в понеделник вечер боксува против исто така оспоруваната боксерка од Тајланд, Јанјаем Суванапенг.