Оскар де ла Хоја сака да се врати во рингот, но само за борба со МекГрегор

Де ла Хоја

Легендарниот боксер и поранешен шампион во лесна категорија, Оскар де ла Хоја, по пауза до десет години најави враќање во рингот, но под само еден услов - доколку за противник ја добие УФЦ-ѕвездата Конор МекГрегор.

44-годишниот Американец вели дека е во одлична форма и е подготвен за таков предизвик, во кој е сигурен дека ќе го нокаутира Ирецот за само две рунди.

„Сè уште во мене го имам она боксерското. Без тоа, не можам да живеам. Тајно тренирав и сега се чувствувам одлично, помоќно од претходно. Сакам во рингот да се судрам со МекГрегор, би се вратил само ако се соочам со него. Ако тој ја прифати мојата понуда, верувајте дека за две рунди ќе го нокаутирам“, вели Де ла Хоја. 

Засега нема никаков одговор од контроверзниот Ирец, а доколку прифати ваква борба тогаш за него ќе биде втора боксерска во кариерата, по онаа со Мејведер кога беше нокаутиран во десеттата рунда.