• Зоран Мишевски
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, синоќа имаше чест заедно со секретарот на општината Борче Димитровски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски да присуствува на манифестацијата „Спортисти на годината 2025“, на која двајца битолчани се закитија со ова престижно признание.
Боксерот на Пелистерски јунак, Адријан Рустемовски е прогласен за млад спортист на Македонија, а Ален Рустемовски избран за спортист на годината на Македонија.
„Битола пак покажа и докажа дека е спортски град, а изградбата на боксерската сала е вистинска инвестиција на Општина Битола“ вели Коњановски.
Општина Битола ќе продолжи и во наредниот период финансиски да го поддржува Ален Рустемовски. Со еден милион денари од буџетот, Општината ќе го поддржи на неговите подготовки за обезбедување пласман на Олимписките игри.