Олимписки скандал: Организаторот дозволи мажи да боксуваат на женскиот боксерски турнир!

Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) вечерва донесе неверојатна одлука. Двајца спортистки, за кои е докажано дека се биолошки мажи, добија дозвола да се натпреваруваат во женска конкуренција на Олимписките игри во Париз!

Станува збор за боксерите Иман Калиф (25) од Алжир и Лин Ју-Тин (28) од Тајван, кои се натпреваруваат во категории до 60, односно 57 килограми.

Меѓутоа, проблемот е што овие натпреварувачи беа исфрлени во март минатата година од Светското првенство во Њу Делхи, поради сомнеж за нивниот пол. Направени се ДНК-тестови за да се расчистат сомнежите, а претседателот на Меѓународната боксерска организација (ИБА) ,Умар Кремљев откри дека резултатите потврдиле дека Калиф и Ју-Тин имаат XY хромозоми. Со тоа беа обвинети дека се обиделе да ја измамат нивната конкуренција, бидејќи се преправале дека се жени за да се натпреваруваат во нивната конкуренција.

Токму по овој скандал на Светското првенство една од боксерките, Брианда Тамара, раскажа како се чувствувала кога се борела со Калифа.