Охридските боксери се активираа и го подготвуваат Купот на нации во Врбас

Охридскиот боксерски клуб „Алексо Огненовски“ од денес ги реактивира тренинзите и ќе продолжи каде што застана пред прекинот на сите активности поради пандемијата на коронавирусот.

„Официјално ги реактивираме тренинзите. Продолжуваме каде што застанавме. Боксерите тренираа по одредена програма специјално подготвена за секој боксер посебно. Планот на подготовките е прво физички а потоа ќе работиме на техника и другите пропратни работи во боксот“, изјави тренерот Владими Цекиќ.

Тенерот најави дека следен предизвик на боксерите од охридскиот клуб ќе биде Четвртиот Куп на нации во Врбас. На турнирот во Србија ќе учествуваат најдобрите боксери од целиот свет, а охридскиот клуб ќе учествува со Енис Алиу и Марија Мацеска.