• Зоран Мишевски
Охридските боксери кои имаа настап на Балканското првенство во Лозница, денес оставрија средба со градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Тие во конкуренција од околу 200 натпреварувачи од 13 земји освоија бронзени медали. Боксерите Димитар Ѓорески, Наум Стојаноски и Енис Алиу беа дел од македонската репрезентација, а се членови на БК Алексо Огненоски.
„Им честитам и им посакувам уште поголеми успеси во иднина. Како Општина Охрид постојано сме ветер во грб на спортот во градот, па така и за овие спортисти обезбедивме и во иднина ќе даваме поддршка„, вели Пецаков.
Ален Рустемовски и Ружди Рустемовски освоија златни медали, сребро носи Ардијан Рустемовски, а бронзени медали освоија Ебутаил Агушев, Лука Трифуновиќ и Тарик Весели.