ОФИЦИЈАЛНО: Познат датумот за реваншот меѓу Вајлдер и Фјури

Вајлдер Фјури

Боксерски спектакл е на повидок на стартот од наредната година. На 22 февруари во Лас Вегас се очекува еден наспроти друг да застанат Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури.

Првиот судир не разочара и донесе поделена одлука на судиите, па никој од борците не си замина дома со првиот пораз во кариерата. Сега и официјално е потврден датумот за реваншот, кој сигурно ќе ги надмине бројките од првото соочување на 1 декември минатата година.

Во меѓувреме, Американецот и Британецот често се провоцираа во јавноста, правејќи ја втората борба уште поинтересна.

Фјури е познат шоумен во боксерскиот свет, а неодамна најави дека сака да се проба во ММА. Тој би салал да го предизвика Стипе Миочиќ, кој е светски првак во тешка категорија во УФЦ.