ОФИЦИЈАЛНО: Потврден датумот за реваншот меѓу Вајлдер и Фјури!

Вајлдер Фјури

Денес е официјализиран долгоочекуваниот реванш меѓу Американецот Деонтеј Вајлдер и Британецот Тајсон Фјури.

Истиот ќе се одржи во Лас Вегас на 22 февруари наредната година. 

Фановите конечно го дочекаа овој момент, откако првата борба заврши со полемично реми. Британскиот боксер доминираше во поголемиот дел од рундите, но на крај доби силен удар и падна во нокдаун, за на крај судиите да ја донесат конечната одлука.

По долги преговори, двата боксери ги прифатија условите и ја закажаа една од најголемите борби во историјата на тешката категорија.