• Сашо Поповски

Вчера беше објавено дека бокс реванш мечот помеѓу Кличко и Фјури ќе се одржи во новата 2016 година. Тоа го потврди тренерот и чичко на Фјури, Питер Фјури.
Борбата би требало да се одржи наредната пролет, некаде околу крајот на април и почетокот на мај. Можни датуми, кои се споменуваат, се 23. или 30. април и 7. мај.
На првиот дуел, кој се одржа во Дизелдорф на 28. ноември, Британецот направи вистинско изненадување победувајќи го големиот фаворит и тогашен шампион, Владимир Кличко.