• Зоран Мишевски

Вчера во Скопје се одржа годишното собрание на Боксерската федерација на Македонија, на кое беа усвоени годишниот извештај, календарот за натпревари и програмата за работа за 2017 година.
Одблокирана е сметката и платени се сметките и долговите. Лигата по турнирски систем поделена на младинска (јуниори и кадети) и сенироска ќе започне на 13 и 14 мај, а бодувањето ќе носи три бода за победа и еден бод за пораз.
Се очекува да се поделат рингови и опрема за клубовите, а БФМ најави дека ќе ги осигура боксерите.