Одложени јавните настапи на Фјури заради смртни закани

Тајсон Фјури нема да се појави на договорената јавна промоција во Даблин на 13 февруари, поради смртни закани. Организаторите добиле закана дека „ќе се повтори Регенси“, откако пред три години во овјо ирски хотел дојде до пукотници на мерењето за бокс меч за европска титула во ВБО верзијата.

Тогаш во гангстерската пресметка беше убиен член на бандата Дејвид Бирн, а двајца негови пријатели беа ранети. Бирн припаѓаше на банда која од Шпанија ја води осудениот наркодилер Кристи Кинахан.

„Поради непредвидени околности, вечерта со Тајсон Фјури на 13 февруари во Хеликс е откажана“, објави хотелот. 

Фјури ослабе, стана пак професионален и сега рамноправно се бори за титулите како и претходно.