Одложен кам-бекот на Мајк Тајсон во боксерскиот ринг

Тајсон

Легендарниот Мајк Тајсон ќе му се врати на боксот и ќе биде дел од егзибиција од осум рунди против Рој Џонс јуниор.

Судирот требаше да се одржи на 12 септември, но сега доби нов датум. Одложената борба е презакажана за 28 ноември во Калифорнија, а засега нема детали поради оваа одлука на организаторите.

Фановите се возбудени за кам-бекот на „челичниот Мајк“ кој замина во пензија пред 15 години. Неговиот помлад противник прекина да се бави со активен бокс пред само две години, што можело да биде предност на негова страна.

И двата боксери споделија неколку видеа од своите тренинзи на социјалните мрежи и ја загреаја јавноста. Спектаклот ќе биде еден од најисчекуваните спортски настани во 2020 година.