ВИДЕО: Новинарката која го тужи Пулев за бакнежот, на забавата им мешала во скут!

Бугарскиот боксер Кубрат Пулев стана хит на социјалните мрежи поради својата реакција по победата над Богдан Дину.

Тој ја бакна новинарката Џени Суше откако заврши интервјуто, а потоа наводно ја фатил за задник, но тоа го направил зад камерите. Знаејќи дека со бакнежот претерал, веднаш побарал истиот да биде скратен од видеото, на што Американката му дала негативен одговор.

>>> ВИДЕО: Лудиот Пулев бакна секси-новинарка за време на интервју!

И не само тоа. Таа ја ангажирала најдобрата адвокатка во САД, Глорија Алред, со која подготвила тужба на сметка на Бугаринот поради неговото однесување.

>>> Пулев доби тужба од новинарката која ја бакна, а потоа ја фати за задник

Но, во јавноста се појави видео, на кое се потврдуваат зборовите на Пулев дека Џени е добра пријателка со него и неговиот тим и дека лудо си поминала на забавата по борбата.

На видеоматеријалот се гледа како таа игра во скут на човек чие лице засега е скриено. Се смета дека тој е дел од тимот на бугарскиот боксер. Има и фотографии од Џени, како седи во друштво на гости и Пулев, на маса полна со алкохол.

Исто така, објавена е и конверзацијата која ја имале двајцата, пред интервјуто и истата изгледа доста пријателска.

Боксерот има суспензија од атлетската комисија на Калифорнија, а тој ќе има шанса да ги приложи своите „материјали“ и да ја објасни ситуацијата на 14 мај.