• Саше Љолес
Американските медиуми не престануваат да зборуваат за борбата помеѓу Џејк Пол и Мајк Тајсон, а дел од нив се убедени дека овој меч бил комплетно „наместен“ и за тоа се појавуваат и нови докази.
Веќе неколку медиуми објавија снимки со сомнителни моменти од борбата, а нешто слично потврдува и новиот отсечок во кој јасно се гледа дека Пол во еден момент комплетно го спушта гардот и е целосно незаштитен, а Тајсон воопшто не ни тргнува да зададе удар.
Just incase anyone had doubts... pic.twitter.com/FCXmjg1dTD
— (@proxcee) November 19, 2024
Искусните боксерски фанови на социјалните мрежи го нарекоа овој дуел „голема фарса“ и му „честитаа“ на Нетфликс за огромните парични средства што ги собра за настанот. Да потсетиме, Тајсон инкасираше 20 милиони долари, додека Џејк Пол заработи дупло повеќе од „челичниот“.