• Иван Димовски
Бокс турнирот во категоријата до 66 килограми понуди уште еден скандал, а одново во центарот на вниманието беше Иман Келиф, алжирската боксерка која на минатото Светско првенство го падна ДНК тестот кој покажа дека има машки хормони.
И покрај тоа, 25-годишната Келиф доби дозвола за настап во Париз, а дуелот против италијанската боксерка Анџела Карини го доби по само 46 секунди. Италијанката реши да се повлече и го предаде мечот, не сакајќи да боксува против машко. Иако го започна, по неполна минута таа сигнализира дека се предава.
По крајот на дуелот, Карини не сакаше да се поздрави со ривалот, а потоа емоциите ја надвладеаја и падна во солзи во рингот.