• Александар Ковачев

Боксерскиот свет најверојатно ќе остане без спектакл мечот за светски шампион во велтер категоријата помеѓу Амир Кан и Ману Пакјао, кој требаше да се одржи во месец април. Двате боксери во текот на минатиот месец преку социјалните мрежи го најавија нивниот дуел кој требаше да биде одржан во Обединетите Арапски Емирати
Боб Арум еден од промоторите на Пакјао изјави дека Кан нема да биде негов следен противник, бидејќи преговорите пропаднале.
„Ако нешто е премногу добро за да биде вистина, тогаш навистина е така. Кога ме контактираа јас знаев дека тоа е лудо и дека нема да се случи. Сакаа да се коцкааат, таа борба барем засега нема да се одржи“, изјави Арум.
Пакјао кој е сенатор на Филипините е првиот боксер стана шампион во осум тежински дисциплини. Кариерата ја заврши во април минатата година, но се врати во ноември и го победи Американецот Варгас за ВБО титула. Во кариерата има 67 борби, во кои има 59 победи, 6 порази и 2 нерешени исходи. Кан на спротивната старана во 35 борби има 31 победа и 4 порази.