Никола Арсов е најдобар боксер на турнирот „Јордан Мијалков“ во Штип

Околу 1200 гледачи ја исплонија салата „Јордан Мијалков“ во Штип и го следеа меѓународниот турнир на кој учествуваа 28 боксери од три држави. За најдобар боксер на турнирот „Јордан Мијалков“ е прогласен Никола Арсов од БК Пинк Пантер, Александар Костиќ од Србија е најдобар техничар, а Диел Враноци од Косово и Петар Стошиќ ос Србија се најборбениот пар. Еве ги победниците по категории. 

Државно првенство

Кадети:

63 кг. Менан Адемовски (Ас) – Рамо Казимов (Пелситер 2007) 1-2

Јуниори:

60 кг. Шпенд Гафури (Шкендија бокс) – Јасин Мифтар (Аперкат) 3-0

Воведна борба:

Викторија Вардаинова (Пинк Пантер) – Ангела Милошевска (Фајтер – Илиери) 3-0 (ТКО, Р1)

„Јордан Мијалков“ – јуниори:

56 кг. Дамјан Пренчевиќ (Србија) – Александар Ристовски (Македонија) 0-3

64 кг. Емир Ибраим (Македонија) – Патриот Бехрами (Косово) 2-1

64 кг. Кире Јаневски (Аперкат) – Дарио Стојанов (Баргала) 3-0

81 кг. Роберт Ристовски (Македонија) – Алекса Митиќ (Србија) 0-3

Сениори:

64 кг. Алмир Нуришов (Тернипе) – Јове Петровски (Пелистре 2007) 3-0 (без борба)

69 кг. Диел Враноци(Косово) – Петар Стошиќ (Србија)  0-3 (ТКО, Р3)

75 кг. Никола Арсов (Пинк Пантер) – Кристијан Андреев (Аперкат) 3-0 (ТКО, Р1)

75 кг. Мартин Алексов (Пинк Пантер) – Борис Мутков (Јордан Мијалков) 3-0

75 кг. Гоце Јанески (Македонија) – Александар Костиќ (Србија) 1-2

81 кг. Никола Стевановиќ (Србија) – Илче Јоноски (Македонија) 3-0

+91 кг. Александар Димовски (Македонија) – Марко Дочиќ (Србија) 3-0