Невидени сцени од бесниот Фјури: Ме украдоа, во овие земји не можете да добиете ништо!

Олександр Усик го победи Тајсон Фјури со едногласна одлука на судиите (116-112) во реванш бокс мечот кој се одржа во Ријад. 

Популарниот „Џипси Кинг“ беше многу лут поради поразот, бидејќи сметаше дека е оштетен. Сега камерите на „ТНС Спорт“ објавија досега невидени снимки од заминувањето на Фјури од рингот до соблекувалните. Тој беше видно бесен и прокоментира со новинарите кои ги најде по патот.

„Нема надеж, ме украдоа во секоја еб*на рунда. Мислам дека победив во барем три рунди. Целата борба јас доминирав. Ќе ви кажам што се случува: во овие држави не можете да добиете ништо“, прокоментира лутиот Фјури.

За вториот пораз од Усик, барем Фјури добро ќе заработи. Според информациите нему му припаднаа 82,35 милиони евра од вкупната сума од 183 милиони.