• Сашо Поповски

Најмладиот светски првак во тешка категорија Мајк Тајсон ја покажа својата физичка трансформација на 53-годишна возраст.
„Челичниот Мајк“ се подготвува да се врати во ринг, со цел да учествува во егзибициски борби кои би му помогнале да собере средства за хуманитарни цели. Неодамна покажа дел од својот тренинг, на кој се гледа неверојатна брзина, а сега откри во каква форма се наоѓа.
Тајсон зборуваше за својот кам-бек кој предизвика лудило меѓу боксерските фанови:
„Ги користам ракавиците од минатата недела. Беше тешко, моето тело имаше големи болки откако започнав да удирам во вреќа. Напорно работам и ќе се обидам да се вратам во рингот. Мислам дека ќе се натпреварувам на разни егзибиции и ќе стигнам до посакуваната форма. Сакам да тренирам за да можам да боксувам во три или четири борби за собирање хуманитарни средства. Некои од овие борби ќе им помогнат на бездомните луѓе и мајките што не се во можност да се грижат за своите деца“.
По поразот од Кевин МекБрајд во 2005 година, американскиот боксер одлучи да стави крај на кариерата. Тогаш Тајсон рече дека ја загубил желбата да биде во рингот, па поради тоа се откажа од неколку планирани борби во тој период.