Непоразениот Хорн ќе го предизвика ветеранот Пакијао во неговиот роден Бризбејн

Непоразениот австралиски боксер, Џеф Хорн и ветераноот со импресивна кариера Мани Пакјао од Филипини ќе се сретнат на 22 април во Бризбејн. 

Борбата ќе се одржи на стадионот „Санкорп“, а боксерите се во завршна фаза на преговори. Џеф Хорн смета дека има сили да направи едно од најголемите изненадувања и во својот роден град да ја сочува непобедливоста во рингот. 

„Младоста е на моја страна, а Мани има 38 години. Во неговите последни натпревари се виде дека нивото му паѓа. Тој има многу добри движења и вештини, но мислам дека не е на мое ниво. Убеден сум дека ќе го победам“, смета Хорн.

До крајот на овој месец се очекува официјализација на борбата, а потоа првите квоти и мислење се очекуваат и од обложувалниците.