Непоразен Швеѓанец е следниот ривал во рингот на Тајсон Фјури

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Британецот Тајсон Фјури го дозна името на својот следен противник. Контроверзниот Британец на 14 септември во Лас Вегас ќе се соочи во рингот со шведскиот боксер Ото Валин.

Фјури во Лас Вегас го совлада Том Шварц пред неполни два месеци и застана на бројка од 28 победи и еден нерешен меч во кариерата. Валин е непоразен, има скор од 20-0, а 13 победи извојува со нокаут.

Следната година Фјури ќе се соочи со Дионсеј Вајлдер, откако минатата година нивниот прв дуел заврши нерешено.