• Сашо Поповски

Четири пати се откажуваше борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон, па фановите се згрозени од можноста истата одново да биде одложена. Овојпат причината нема да се бара меѓу нив двајца, туку во коронавирусот, кој полека се шири низ целиот свет.
Епидемијата е причината поради која спортскиот свет на момент е стопиран. Големите настани кои се планирани за оваа пролет се откажани и преместени за вториот дел од годината.
УФЦ немаше избор и откажа три настани кои требаше да се одржат пред судирот на Хабиб и Фергусон. Оваа борба сигурно ќе се одржи, потенцира Дана Вајт, но сепак многу ќе зависи од сериозноста од ситуацијата поврзана со ковид-19.
Кога нема друга опција, првиот човек на УФЦ се шегува со фановите. На социјалните мрежи сподели постер на кој борбата е „закажана“ во истиот термин и тоа на повржината на Месечината.
