• Мартин Танасковски
Бокс-спектаклот меѓу Ентони Џошуа и Кубрат Пулев, кој требаше да се одржи во Лондон нема да биде на програмата, затоа што е одложен поради коронавирусот.
Двајцата требаше да боксуваат за светската титула, меѓутоа ситуацијата на Островот воопшто не е наивна. Информацијата за одложувањето ја потврди промотерот Еди Херн, кој истакна дека се надева на борба до крајот на летото.
Организаторите се во разговори со Тотенхем за да се најде нов датум за настанот кој треба да се одржи на нивниот стадион.
Борбата меѓу Џошуа и Пулев требаше да се одржи на 20 јуни.