Наум Стојаноски со златен медал се враќа од боксерскиот турнир во Загреб

Македонскиот боксер Наум Стојаноски од клубот Алексо Огненоски од Охрид на престижниот меѓународен боксерски турнир „Загреб Гран При” го освои златниот медал во категоријата до 70 килограми.

Стојаноски на турнирот отпатува како дел од македонската репрезентација и во денешната финална пресметка тој го совлада противникот од Италија ,Франческо ди Спацио со прекин во третата рунда.

Следен ваков настап од меѓународен карактер за Охридските боксери е финалето на Опен Балкан купот и Меморијалниот меѓународен турнир „Алексо Огненовски”, кој ќе се одржи на Античкиот театар во Охрид на 6 јуни.