Наум Стојаноски најборбен боксер на Меморијалот „Константин“ во Лозница

Со еден златен, еден сребрен, и пехар за најдобар борбен пар се враќаат боксерите на БК Алексо Огненовски од Охрид од Меморијалот „Константин“ во Лозница, Србија.

Димитар Ѓорески стигна до победата во категоријата јуниори, додека Наум Стојаноски го освои второто место во категоријата младинци и освои пехар за најдобар борбен пар.

Тие, заедно со единаесет македонски боксери се натпреваруваа во повеќе категории, во рамките на седмото коло на Опен Балкан. Покрај охридските боксери, во Лозница се натпреваруваа и членови на македонските клубови Илинден, Пелистерски јунак, Аперкат, Синди и Пинк Пантер Тим. 

Нашиот Наум Стојаноски доби пехар за најборбен боксер.