• Сашо Поповски

Мајк Тајсон не престанува да флертува со сензационален кам-бек во боксерскиот ринг. Фановите се возбудени откако се појави оваа информација, која беше потврдена од славниот боксер.
ПОВРЗАНО >>> ФОТО: Неверојатна физичка трансформација на Мајк Тајсон на 53 години
Неодамна беше споделен дел од неговиот интензивен тренинг, а дека е во одлична форма како 53-годишник, може да се види на следното видео. На него Тајсон покажува дек од својот репертоар удари со кој располага и кој е подготвен да го прикаже во рингот.
Како потенцијален противник се споменува уште еден боксерски ветеран Ивандер Холифилд. Тој има 57 години и тренира напорно, а пред неколку дена со својот тим уверуваше дека води преговори за трета борба против својот стар ривал.
Тајсон најавува дека сите пари кои ќе ги добие од потенцијалните борби ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
„Кога станав веган, многу работи во мојот живот се подобрија. Проблемите повеќе ги немам и сега сум во најдобра физичка форма. Кога користев кокаин едвај дишев. Имав висок крвен притисок и бев пред умирање“ , открива американскиот боксер.
Поранешниот светски првак во тешка категорија важи за еден од најбруталните шампиони во историјата. Силниот удар и брзите нокаути му донесоа светска популарност, која ја има до денес.