• Мартин Танасковски
Скандалозната боксерка Имане Келиф, која на Олимписките игри во Париз во категоријата до 66 килограми освои златен медал, повторно го привлече вниманието кон себе.
Имане Келиф е девојка за која цел свет зборува последниот месец. 25-годишната Алжирка беше на удар на критики затоа што беше претставена како маж, откако Италијанката Анџела Карини излезе од борбата по само два разменети удари.
Келиф има XY хромозоми и зголемено ниво на тестостерон, поради ова таа беше исфрлена од Меѓународната боксерска федерација (ИБА), но Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и дозволи да настапи во Париз каде го освои златниот медал, што е прво одличје за Алжир во историјата.
Алжирката откако се врати дома се појави во поинакво светло, демонстрира нежност пред објективот. Фотографиите екстремно брзо се проширија на интернет и брзо собраа сериозна доза лајкови и коментари.