• Мартин Танасковски
Алжирската боксерка Имане Келиф се пласира во полуфиналето на Олимписките игри во категоријата до 66 килограми, откако во денешното четврт-финале лесно со одлука 5-0 ја совлада Унгарката Ана Лука Хамори.
Имане Келиф е девојка за која цел свет зборува последните денови. 25-годишната Алжирка беше на удар на критики затоа што беше претставена како маж, откако Италијанката Анџела Карини излезе од борбата по само два разменети удари.
Келиф има XY хромозоми и зголемено ниво на тестостерон, поради ова таа беше исфрлена од Меѓународната боксерска федерација (ИБА), но Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и дозволи да настапи во Париз.
#IstandWithImaneKhelif pic.twitter.com/IsQSKAQqYh
— (@dzpower21sk) August 3, 2024
Келиф не можеше да ги запре солзите по новата победа, сигурно поради сите обвинувања дека е маж. Многумина ја нападнаа без причина, иако многу брзо се појавија докази дека Имане е родена како жена и дека има пореметување со кое не е лесно да се справи и поради кое нивото на тестостерон постојано ѝ расте.
Алжир со пласманот во полуфиналето на Келиф го освои првиот олимписки медал. Во боксот се доделуваат две бронзени медали за полуфиналистите, како и сребро и злато за финалистите.