Најдобриот македонски боксер ќе настапи на Ефбет лигата во Бугарија

Најдобриот македонски боксер Гоце Јанески овој викенд ќе настапи за ЦСКА од Софија во најсилната бугарска Ефбет лига. Во оваа лига настапуваат само најдобрите боксери од Бугарија и тоа само носители на медал на шампионатот на Бугарија.

Јанески ќе ги вкрсти ракавиците со најдобриот бугарски боксер Петар Драганов (-69 кг.). Ова е голем предизвик за Јанески и силен тест каков што ретко има во нашата земја. 

Гоце Јанески е повеќекратен македонски шампион и освојувач на „Златниот гонг“.