Најава за „супер-борба“: Нурмагомедов и Мејведер влегуваат во ринг во Грозни?

УФЦ-првакот Хабиб Нурмагомедов и поранешниот бокс-првак во тешка категорија Флојд Мејведер би можеле да влезат во рингот и да се соочат во рускиот град Грозни, соопштуваат медиумите.

Нурмагомедов успеа да го победи Конор МекГрегор и да го освои појасот во УФЦ, па сега е атрактивен ривал за секого. На големо се зборува дека тој ќе влезе во ринг со Мејведер, а борбата би се одржала на стадионот во Грозни.

Таткото на Хабиб, Абдулманап, потврдил дека двете страни се во контакт и дека е можно да се одржи меч во кој двајцата ќе се борат по бокс-правилата.

Мејведер во својата кариера има 50 меча зад своето име и на сите од нив победил. На 27 борби од нив, триумфите му се со нокаут.