На Мајк Тајсон му се слошило во авион, по слетувањето го пречека итна медицинска помош

Легендарниот Мајк Тајсон имал здравствени проблеми за време на авионскиот лет од Мајами за Лос Анџелес.

Како што соопштија од тимот на Тајсон, на 57-годишниот боксер му се слошило за време на влегувањето во авион, а ситуацијата стана доста драматична и неопходно беше веднаш по слетувањето да го пречека итна медицинска помош. Американските медиуми пишуваат дека се работи за чир на желудникот, што е проблем кој Тајсон го има подолго време.

„Челичниот“ Мајк сега се чувствува добро и се враќа на подготовки за големото шоу закажано за 20 јули на AT&T стадионот во Тексас. Тогаш ќе се бори против поранешниот јутјубер, а сега боксер Џејк Пол.

Ќе боксуваат осум рунди во траење од по две минути, а прогнозите се такви што далеку поголема предност добива Пол во однос на Мајк Тајсон.