• Иван Димовски
Боксерскиот свет е во црно по информациите за смртта на Пол Бамба. 35-годишникот почина доста млад.
Причините за смртта засега официјално не се познати, меѓутоа потврда за истата стигна преку социјалните мрежи. Инаку, Бамба минатиот викенд направи голем успех со освојувањето на ВБА златната титула во тешка категорија со победата над Рохелио Медин Лун.
Кариерата му одеше одлично, бидејќи имаше одличен скор од 19 победи и само три порази.
Во изминатата година Пол Бамба постигна неверојатен резултат и стигна до 14 победи со нокаут. Со тоа го надмина легендарниот Мајк Тајсон кој во текот на една календарска година имаше 13 такви победи.