Мухамед Али ја предизвика југословенската легенда, но до меч никогаш не дојде!

Според многумина, најдобриот боксер на сите времиња, Мухамед Али почина на денешен ден (3 јуни) во 2016 година. Али победи на 57 од 61 професионален меч, од кои 37 победи беа извојувани со нокаут. Тој го изгради статусот на можеби најголемата спортска легенда на 20-от век.

Првиот професионален меч Али го запиша во 1960 година. Доби 2.000 американски долари, а се памети како боксер кој возеше розов Кадилак. Тогаш никој не претпоставуваше дека Касиус Клеј ќе стане икона на цела генерација.

После 18 години брилијантна кариера, полна со блесоци во и надвор од рингот, тој конечно реши да ги соблече ракавиците засекогаш. Неговата желба да се натпреварува против југословенскиот шампион Мате Парлов никогаш не се оствари.

„Наскоро ќе се збогувам со боксот и повеќе би сакал да ја завршам кариерата против големиот боксер Мате Парлов, отколку против „валканите“ удирачи како Фрејзер или Форман“, рече Мухамед Али во 1978 година.

Тој му се восхитуваше на Парлов и го гледаше како ја освојува светската титула во лесна категорија во јануари 1978 година.

„Југославија има вистински шампион. Парлов во моментов е најдобар во Европа, а јас сум подготвен да се борам против него. Слушнав дека 100.000 луѓе би ја гледале нашата борба во Југославија во живо. Парлов е брз боксер, но немаше да има шанса против мене“, говореше Али пред 42 години.

Сепак, никогаш не дознавме деали американскиот боксер беше во право ...