Младите боксери во Охрид се подготвуваат за ЕП во Тбилиси

Од денес до 27 јули во Охрид ќе се подготвуваат македонските кандидати за Европското првенство во бокс за ученици Петар Арсовски, Марио Ефремов и Марија Мацеска.

Под будното око на тренерите Вели Мумин и Александар Арсовски, нашите надежи ќе минат две скоро две недели за базични подоготовки.

Целта е да се подигне интензитетот на нормалните тренинзи во клубовите и да се створи тимски дух, кој иако се работи за инвидуален спорт, е многу значаен. Предвидени се и многу спаринг борби.

Европското првенство ќе се одржи од 2 до 12 август во Тбилиси, Грузија.