• Зоран Мишевски
Трагедија се случи во боксерски ринг во Зимбабве. 23-годишниот боксер Таураи Зимуња починал како последици од повреди за време на борбата. Во мечот во супербантам категорија со серија жестоки удари во главата противникот го турнал Зимуња во самиот агол од рингот, а судијата не ја прекинал тепачката. Пет дена Таураи бил во кома, а денес ја загуби битката за живот.
„Ми рече дека се чувствува добро и дека треба да се бори. Мојот син почина работејќи го тоа што го сакаше", рекла мајката на несреќниот боксер.
Оваа трагедија ја потресе цела земја и предизвика полемики околу безбедноста на боксерите во рингот.