Мистериозно убиен 18-годишен талентиран британски боксер

Британската полиција потврди дека убиен е млад талентиран боксер, кој бил нападнат вчера околу 1:30 часот наутро. Тој им подлегнал на повредите, а полицијата отвори истрага по случајот. 

18-годиишниот Конор Браун немал полициско досие, опишан е како мирно момче и јавноста е изненадена од инцидентот и смртта. 

„Конор го познавам десетина години. Тој секогаш се смееше и сите го сакаа“, изјави негова блиска пријателка.

Нема никакви информации зошто бил нападнат и која е причината за бруталната смрт која го снајде. Браун имаше неколку закажани борби оваа година.